Што се случува: Ѓоковиќ го откажа и денешниот тренинг на Австралија Опен

155

Пред првиот меч на Австралија Опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ повторно го откажа тренингот закажан за утрово.

Петтиот играч на светот требаше да тренира во 19 часот по локално време, но неговото име беше отстрането од распоредот. Ѓоковиќ не се појави на теренот ниту во неделата, кога исто така реши да ја прескокне дневната рутина.

Проблемот е многу веројатно во задниот дел од левата нога, што го мачи уште од Аделаида, која неодамна ја освои во пресрет на стартот на првиот Грен Слем во Мелбурн.

Првиот меч на Новак на АО ќе треба да го има утре од 11 часот на арената „Род Лејвер“, а противник ќе му биде Роберто Карбаљес Баена.

ПретходноЈончевски си поднесе оставка на кормилото на Трепча
СледноВажеше за голема надеж на Премиерлигата, сега е во болница поради инфаркт