Во петокот Наполи под Везув со 5:1 го декласира Јувентус. Елмас, кој беше стрелец на еден гол, и другарите просто го “распарчија“ лутиот ривал. Победа која одамна не наишла на таков одек во Неапол. Токму затоа сега по кафулињата во овој град се служи специјално капучино по тој повод, по бруталната победа на Наполи над Јувентус.
Интересно и симпатично, невиден сеир.