Екипата на Силекс ги стартуваше зимските подготовки, и во следниот период ќе работи по добро прецизиран план како што е тоа и вообичаено.
Новитетите во тимот се тука, се очекува уште едно до две нови имиња во Кратово, а не треба ниту многу да се менува затоа што Силекс одигра и повеќе од добро есеноска.
Што се однесува пак до Анталија и заминувањето во Турција, се е подготвено па и спаринг партнерите кои таму го чекаат Силекс.
Па така, на 4. февруари се игра дуелот против тимот на Ресовија, а два цена подоцна мечот против Сутјеска. На деветти следува мечт против Согдиана Јизак, а на единаесетти е мечот против големиот Динамо Киев.
За крај, на 14. е закажан дуелот со Торпедо Куташи.