Македонско девојче за добар ден во Краков (ВИДЕО)

243

Дека Краков во моментов личи на македонски град исто како и полски тоа не треба да изненади никого. Нашите навивачи неделава го обоија овој град „црвено – жолт“, и се е во знакот на Македонија секако поради нашата ракометна репрезентација. Се знае дека ние имаме императив денеска од 18:00 часот да ја победиме Аргентина и да заминеме во главната рунда од Мундијалот. Затоа, нашите ракметари ќе ја имаат полната поддршка денеска како од навичите така и од домашната публика очигледно.

И полјаците ни се наклонети, барем дел од нив, како на пример овој уличен музичар, уметник, кој во својот репертоар утринава ја сврсти и легендарната „Македонско девојче“. Нумера која така силно е поврзана со македонскиот ракомет, машки, женски, репрезентативен, клупски, секаков. Уште од времето на Кометал Ѓорче Петров и неговите титули, па преку РК и ЖРК Вардар, се до успесите на државно нив. Краков ги помни многу добро Македонија и македонците затоа што пред седум години Европското првенство се одвиваше токму тука.

 

ПретходноОфицијално: И Никола Ристески во Силекс!
СледноСерафимов: Нема дилема – имаме сили! Со срце да одиграме – за Македонија!