Драган Стојков си замина од Тиквеш

1401

Искусниот играч за врска, Драган Стојков не е повеќе член на тимот на Тиквеш. Стојков си заминува од Кавадарци зимава, откако во изминатиот период имаше солидна улога во екипата која засега одлично котира на ПМФЛ табелата сезонава.

Од друга страна Спортмедиа дознава дека како замена за него во Кавадарци и не се планира некој посебно, затоа што во ростерот на тренерот Ѓорѓи Мојсов во моментов има доволен број на фудбалери на таа позиција. Единствено што во моментов Тиквеш планира да доведе е стопер со оглед на повредата на младинскиот репрезентативец Ѓурковски.

 

ПретходноЕсенскиот првак во ВМФЛ вчера ги стартуваше подготовките, тука се и сите осум засилувања!
СледноТренер по карате од Скопје пријавен во полиција – покажувал експлицитни фотографии на малолетнички