Холандија беше на чекор до сензација, но Норвешка се врати за победа

211

Во извонредно драматичен меч во Краков, Норвешка ја победи Холандија со 27:26 и го потврди првото место во групата. Мечот имаше две различни полувремиња, но на крајот победата и пласманот на првото место во групата им припаднаа на фаворитите од Скандинавија.

Холандија одигра извонредно прво полувреме. „Лалињата“ ја искористија збунетоста на Норвежаните и комплетно ја контролираа и играта и резултатот во првите 30 минути. Тргнаа со предност од 3:1, потоа зголемија на 8:5, за на крај на пауза да заминат со 17:13.

Добрата игра продолжи и во првите 4 минути од вториот дел кога „лаињата“ се одлепија и на +5 (19:14), но потоа како да застанаа. Норвешка предводена од Гликсен и Сагосен успеа брзо да влезе во две серии од 4:0 и 3:0, по што не само што ја анулира негативата, туку и дојде во водство од 23:22 во 48. минута од мечот. Холандија успеа да се соземе и да одржува егал, се до последните две минути кога Норвешка влезе во серија од два гола за плус два 24:26, потоа и 25:27, за предност која на крајот им донесе тешка победа.

На останатите три меча вечерва без сензации. Иако почна лошо, Хрватска на крајот го прегази Мароко со 36:24, додека Србија немаше остоен ривал во Катар победувајќи го со 34:24. Убедлив триумф обезбеди и Данска против Тунис со 34:21.

РАКОМЕТ, СП

3 КОЛО

ГРУПА Е

Алжир – Германија                        21-37

Катар – Србија                    24-34


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Ф

Македонија – Аргентина   26-35

Холандија – Норвешка     26-27


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Г

Египет – САД                       35-16

Хрватска – Мароко             36-24


Standings provided by Sofascore

ГРУПА Х

Белгија – Бахреин              28-30

Тунис – Данска                    21-34


Standings provided by Sofascore

ПретходноТалентот Гарначо одбил нов договор со Манчестер Јунајтед
СледноСрамни сцени на трибините: „Летаа“ боксови и клоци меѓу нашите навивачи (ФОТО)