Салернитана го врати тренерот два дена откако му даде отказ

174
PALERMO, ITALY - FEBRUARY 05: Head coach Davide Nicola of Crotone looks on during the Serie A match between US Citta di Palermo and FC Crotone at Stadio Renzo Barbera on February 5, 2017 in Palermo, Italy. (Photo by Tullio M. Puglia/Getty Images)

Давиде Никола е старо нов тренер на екипата на Салернитана. Само по два дена откако доби отказ, управата на клубот очигледно се свести дека направи грешка, и повторно го назначи.

“Вчера ми се јави претседателот на клубот и ми ги објасни причините за одлуката. Го замолив да го преиспита мојот отказ. Тој се согласи и сега ќе ја вратам довербата од управата со сета сила и страст што ја имам. Се враќам заедно да ја започнеме оваа историја повторно“, напиша Никола на социјалните мрежи.

 Никола доби отказ еден ден откако загуби со 2-8 од Аталанта. Тој го води тимот од февруари 2022 година, а во моментов Салернитана има 18 бодови во 18 натпревари и е 16-та во Серија А.

ПретходноИсчезна екс играч на Севиља и Феенорд
СледноАнте Чачиќ тренер и спортски директор на Динамо до 2024 година