Холандија едвај до победа со Катар, Бахреин со триумф над САД

92

Попладнево се одиграа уште два меча, но и двата од главната рунда. Во натпревар од групата-3, Холандија со 32:30 успеа да го победи Катар. Треба да се каже дека Катар на полувреме имаше убедливо водство од 19:15, но сепак “лалињата“ направија пресврт за победа.

Во натпревар од групата-4 од главната рунда, Бахреин ја победи селекцијата на САД со 32:27. Во текот на целиот меч Бахреин беше подобар и заслужено успеа да ги освои бодовите.

ПретходноУбедлив триумф: Македонија си поигруваше со Алжир
СледноКалин со нова победа во Тунис, триумф и на Лина!