Ѓоковиќ си закажа „класика“ со Надал во финалето во Рим

164

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим со триумф над Италијанецот Лоренцо Сонега во три сета – 6:3, 6:7 (5:7), 6:2!

Србинот ќе го брани трофејот во Вечниот град против Рафаел Надал, во класиката што е закажана за в недела во 17 часот. Новак славеше против 33-от играч во светот по голема борба за два часа и 45 минути игра.

Србинот можеше да стигне до финалето многу порано, но пропушти две мечеви топки во 12-от гем од вториот сет, а потоа ја прокоцка предноста од 3:0. Во решавачкиот сет тој врати во ритам, и успеа да обезбеди место во борбата за шестата титула во главниот град на Италија.

ПретходноСе сеќавате на Ектор Купер? Го назначија за селектор на ДР Конго!
СледноМанасков се врати на терените, 16 интервенции на Митревски