Лоши вести за Јувентус: Судот наложи одземање на 15 бода од контото на „Старата Дама“

421

Лоши вести за Јувентус. Федералниот апелационен суд го прифати барањето на Обвинителството на Италијанската фудбалска федерација за повторно отворање на случајот за капитални добивки во кој е вклучен Јувентус.

Исто така делумно се прифатени барањата за санкции, но наместо побараното одземање на 9 бода, судот изрече уште подрастична казна, така што на Јувентус ќе му бидат одземени дури 15 бода од контото оваа сезона.

Сега, Јуве ќе може да поднесе жалба против оваа одлука до советот за спортови на Италијанскиот олимписки комитет.

ПретходноЦ. Звезда „прокоцка“ победа во Каунас, Баерн го изненади Анадолу Ефес
СледноНотингем растура на трансфер пазарот, си донесе напаѓач од Њукасл