Изречени казни и за управата на Јуве: Ањели суспендиран две години, Недвед 8 месеци

326

Покрај казната со одземање на 15 бода од контото на Јувентус, федералниот апелационен суд денеска изрече и казни за управниот одбор на торинскиот гигант кои беше вклучен во новиот голем скандал со фингирани капителни добивки.

Фабио Паратичи (сега вработен во Тотенхем) е суспендиран на 2,5 години. Довчерашниот прв човек на клубот, Андреа Ањели заедно со Маурицио Аривабене ќе бидат надвор од сите фудбалски активности две години, додека чешката фудбалска легенда Павел Недвед не може да се вклучи во каква било фудбалска активност во период од осум месеци.

Казна е изречена и за Федерико Черубини кој не смее да биде именуван на раководна позиција во период од една година.

И за нив сè уште е можна жалба, но бидејќи казната е повисока од условот, клубот можеби ќе сака да се заштити од уште поголема казна.

ПретходноНотингем растура на трансфер пазарот, си донесе напаѓач од Њукасл
СледноКако изгледа сега табелата во Серија А: Јуве остана со 22 бода! (ФОТО)