Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума денеска ќе биде подложен на лекарски преглед пред да потпише договор со француски ПСЖ. Лекарот кој ќе го спроведе прегледот веќе пристигна во Италија.
Ккао што пишуваат дел од италијанските новинари, прегледот ќе се направи во Фиренца во таборот на италијанската репрезентација со учество на преставници на ПСЖ. Страните се договорија за соработка до 2026 година. Договорот на голманот со Милан ќе заврши на 30 јуни, по што тој ќе стане слободен агент.