По шестиот пораз кој го остварија синоќа на мечот со Шенчур во АБА 2 лигата, тренерот на ТФТ, Смилковски, вели дека невоиграноста и проблемите со играчкиот кадар си го направија своето.
„Честитки за заслужената победа на Шенчур. Досега се чини немаа среќа и мислам дека досегашните резултати кои ги имаа не се одраз на нивниот квалитет. Во втората четвртина малку фативме ритам, но до полувремето отидовме со минус 5. Во вториот дел беше некоја бркотница, се однесувавме како да губиме 20-30 разлика, а имавме резултат до пред самиот крај. Ова е само втор натпревар за нас во последниот месец, имаме нов играч кој имаше само еден тренинг со нас, имавме и други проблеми и тоа се виде на самата средба. Сметам дека на другиот меч ќе биде многу подобро“, вели Смилковски.
ТФТ веќе утре од 15 часот на новиот турнир од АБА 2 конкуренцијата се среќава со екипата на Широки Бријег.