Рекордот на Кирил Лазаров и на ова Светско првенство ќе остане недопрен!

490

Денеска стартуваат четвртфиналните битки на Светското првенство, како и последните мечеви од Президент Купот. До спуштањето на завесата на Мундијалот, остануваат уште максимални три натпревари за најдобрите осум екипи, а веќе е јасно дека рекордот на Кирил Лазаров ќе остане недопрен.

Поранешниот македонски репрезентативец, сегашен селектор, во 2009 на Светското првенство во Хрватска постигна дури 92 гола.

За разлика од некои претходни првенства, годинава никој нема да биде ни блиску.

На врвот на листата на стрелци моментално е Ервин Фојхтман од Чиле со 46 гола, а од учесниците во четврт-финалето најблиску до титулата „крал на стрелците“ се Матијас Гидсел со 42 и Јури Кнор со 37.

 

ПретходноНиколов си оди од Стеауа, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија !?
СледноПелистер убедлив на стартот во Бања Лука