Денеска со пријателски натпревари стартуваше и тимот на Силекс. На својата прва контрола кратовци, кои настапија во комбиниран состав, одиграа 0:0 на гостувањето во Виница против второлигашот Слога.
Стратегот Горазд Михаилов им даде шанса на повеќе свои играчи, имаше во составот и неколку младинци.
Инаку Силекс во Анталија заминува на 2 февруари, каде покрај останатите мечеви, ќе ги одмери силите и со гигантот Динамо Киев.