Синот на Карло Анчелоти може да го предводи Евертон

428

Френк Лампард доби отказ од Евертон, па клубот од Ливерпул е во потрага по нов менаџер кој ќе го извади од долниот дел на табелата и ќе го спаси од преселба во Чемпионшип. Неколку имиња се вртат во јавноста, а меѓу нив е и Давиде Анчелоти, синот на стратегот на Реал Мадрид Карло Анчелоти.

Давиде му е асистент на татко му во Реал Мадрид, а претходно беше со него во Евертон, Наполи и Баерн Минхен. 33-годишниот тренер може да почне кариера како самостоен тренер и тоа во Премиер лигата.

Други имиња се Шон Дајч, поранешниот стратег на Барнли потоа аргентинскиот стратег Марсело Биелса како и Оле Гунар Солскјер, некогашниот стратег на Манчестер Јунајтед и Кардиф.

ПретходноСкопје домаќин на Таекводно спектакл!
СледноСледното младинско ЕП ќе се игра во Словачка во 2025