Милан се откажа од трката по Заниоло по понудата на Борнмут

386

Милан се повлече од трката по напаѓачот на Рома Николо Заниоло неможејќи да ја следи понудата на англиски Борнмут. „Росонерите“ го сакаа младиот играч во своите редови но се откажале затоа што не сакале да понудат 30 милиони евра плус бонуси колку што и понудил Борнмут на Рома за италијанскиот фудбалер. Во понудата има и процент за Рома при идна продажба на фудбалерот.

Иако Рома ја прифатила понудата, сепак, фудбалерот ќе треба да одлучи дали сака да оди во Борнмут, а потоа да ги договори личните услови. Заниоло има договор со Рома до јуни 2024 година, а оваа сезона постигна два гола во 17 натпревари.

ПретходноРеал Мадрид славеше во кошаркарското „Ел Класико“
СледноШтутгарт го сака Адеми, но Динамо не дава дозвола