Екипата на Партизан го совлада големиот ривал Црвена Звезда во 21 коло на Евролигата. Првиот меч го доби Звезда, а сега Партизан го возврати ударот и по голема драма го совлада најлутиот ривал со 79-78. Имено Звезда падна во дуелот со големиот ривал во „Пионир“ после шест години.
Партизан сега има ист скор со Звезда (10-11).
На стартот на мечот Звезда имаше водство од 9:8 потоа Партизан го сврте резултатот и ја одржуваше предноста до крајот на мечот. На полувреме беше 37-45.
Вистински трилер се случуваше во последната четвртина, поточно во последните моменти од дуелот. На една минута до крајот Звезда со слободните фрлања на Добриќ стигна до 71-72 со огромна шанса да го добие мечот меѓутоа во завршните секунди направи две-три грешки кои Партизан ги искористи. Недовиќ и Митровиќ не беа сконцентрирании направија фаули, а тоа „црно-белите“ повторно се одлепија (73-77).
Следуваа поени за Звезда 75-77, сепак, не се случи чудесен пресврт. Егзум погоди слободни фрлања за 75-77, а веднаш потоа Недовиќ погоди тројка за конечни 78-79 за Партизан
Кај Звезда Вилдоза реализираше 26 поени, додека Недовиќ 23. Кај Партизан најмногу поени (20) постигна Данте Егзум.