Во Италија се одиграа два меча од 20.коло на Серија А. Болоња со 2:0 ја совлада Специја со головите на бекот Стефан Пош и играчот за врска Рикардо Орсолини.
На другиот натпревар Салернитана после седум кола без успех, конечно освои три бода на еден меч. Вечерва славеше на гостувањето кај Лече со 2:1.
Трите гола паднаа во првото полувреме, Диа во 5. минута и Вилена во 20. минута донесоа предност за тимот од Салерно, а потоа Страфеца намали за Лече.
Лече четири кола по ред нема победа, а во двете последни доживеа порази.