Историја: Три во низа за Данска или „седмо небо“ за француските експерти?

109

Двете репрезентации без пораз на ова Светско првенство, Данска и Франција вечерва (21 часот) ќе се судрат во битката за титулата. Актуелниот бранител на тронот може да испише историја, како прва земја која успеала да се искачи на тронот на три првенства во низа.

На другата страна пак „триколорите“ пак имаат шанса да ја освојат седмата круна потврдувајќи го епитетот “експерти“. За Франција ова ќе биде осмо финале, имаат изгубено едно и тоа во далечната 1993 година, исто во Шведска. Од оваа година оваа земја ги има добиено сите битки за тронот (од 1995 година па наваму), последен пат против Данска играше во 2011 година, повторно домаќин беше Шведска, а славеше со 37-35 после продолжение.

Овој финален дуел ќе биде петти на големите првенства, Франција води со 3-1.

Во центарот на вниманието се Никола Карабатиќ и Микел Хансен.

Карабатиќ, кој не влезе во игра за дуелот со Шведска ќе се обиде да дојде до 11 златен медал на големите натпреварувања. Се почна во далечната 2006 година со европското злато. Три пати беше европски првал четири светки и во три наврати олимписки првак.

На другата страна пак Хансен, кој е три години помлад, оди по петото злато со Данска. Првото го освои во Белград во 2012 година, европско. Во Рио 2016 година се закити со олимписко злато, додека во Стокхлом, вечерва ќе се бори за третото по ред злато, после 2019 и 2021 година.

На останатите средби од последниот ден на Мундијалот, први на теренот ќе истрчаат Германија и Норвешка (13 часот) во битката за 5. место, два и пол часа подоцна, Египет и Унгарија ќе се борат за седмото место, додека пред финалето ќе следи мечот за бронзениот медал, таму домаќинот Шведска ќе игра против Шпанија.

ПретходноДани Алвеш на располагање има 100 евра неделно во затворот, пазарел скромно!
СледноРекорд на кариерата: Фантастична партија на Јакимовски! (ВИДЕО)