Контроверзниот сопственик на Монца, Силвио Берлускони, пред неколку месеци во обид да ги мотивира фудбалерите на својот клуб изјави дека ќе им донесе автобус полн со проститутки, доколку Монца го победи Јувентус или Милан. Денеска се случи чудо само еден месец подоцна од таа контроверзна изјава на Берлускони, па Монца успеа да го победи Јувентус и тоа на гости со 2:0.
„Решив да додадам дополнителна мотивација, па им реков на момците дека ако победат некој од големите тимови како Милан или Јувентус, ќе ги пречека автобус полн со курви“, беше легендарната изјава на Берлускони дадена во декември минатата година.
Монца од таа изјава на Берлускони нема пораз. Иако играше со сериозни ривали, како Фиорентина, Интер, Кремонезе и Сасуоло, тимот на Берлускони и Галијани не загуни. Напротив имаше една победа и три ремија, пред денешното чудо во Торино.
Сега во Италија повторно сите зборуваат за изјавата на Берлускони, очекувајќи да видат како навистина сопственикот ќе ги пречека своите играчи при враќањето од Торино.
🇮🇹 Silvio Berlusconi obiecuje w AC Monza, że jeśli pokonają kluby jak Milan lub Juventus, wyśle do szatni autobus prostytutek.pic.twitter.com/RU5ufw9KKD
— Piotr Piotrowicz (@Piotrowicz17) December 14, 2022