Ливерпул денеска го претрпе 9-от пораз сезонава, откако со 2:1 беше поразен на гости кај Брајтон во 1/16-финалето на ФА Купот.
Вкупно, избраниците на Јирген Клоп досега сезонава одиграа 31 натпревар, на кои исто така забележаа 15 победи и седум пати ремизираа.
Минатата сезона „црвените“ претрпеа само 4 порази на 63 средби (46 победи и 13 нерешени).
Процентот на победи оваа сезона за момците на Клоп е 48,39%, наспроти 73,02 % во сезоната 2021/22.