Светското првенство официјално завршува денеска. Старо-нов освојувач на титулата е Данска. Оваа селекција вечерва испиша историја, ја совлада Франција со 29-34 стана првата земја која успеала да освои три титули во низа.
Честа да ја делат правдата на финалето им припадна на најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. И овој пат својата задача ја завршија без грешка, потврдија зошто се најдобри во светот и зошто токму ова финале им беше доделено токму на нив.