Фудбалерите на Наполи ја победија Рома со 2:1 во 20. коло од Серија А и натаму јуришаат кон шампионскиот наслов. Тимот на Спалети повторно не беше на висина на задачата пред своите навивачи, и успеа да ја совлада Рома на Мурињо и покрај одредени нереализирани можности.
Осимен ги донесе наполитанците до 1:0 со гол во 17. минута, водство кое беше актуелно се до финалните 15 минути од средбата.
Рома добро притискаше во текот на целиот натпревар, а конечно во 75. минута преку Ел Шарави, да израмни на 1:1.
Лучијано Спалети се обиде да го размрда нападот со Џовани Симеоне на местото на Виктор Осимен, а претходно влезе и нашиот Елиф Елмас. Токму Симеоне се покажа како клучен за победата со голот во 86. минута за експлозијата на стадионот „ Диего Марадона“.