Белгија новиот селектор го бира меѓу Тедеско и Бош

125

Само двајца кандидати останаа во трката за преземање на селекторското место во фудбалската репрезентација на Белгија. Според тамошните медиуми, Белгиската федерација во деновите по Нова година почнала завршни преговори со Доменико Тедеско и Питер Бош.

Моментално прв фаворит е Тедеско, кој е амбициозен млад стручњак со само 37 години, но кој зад себе веќе има искуство како тренер во големи клубови (Лајпциг, Спартак Москва, Шалке). Италијанецот има подобри шанси од Питер Бош, кому последна тренерска работа му беше на кормилото на француски Лион од каде замина кон крајот на минатата година.

Ниту Тедеско, ниту Бош досега немаат работено како селектори на репрезентација.

ПретходноПознато зошто Кансело си оди од Сити: Пеп не трпи закани!
СледноДимитриевски остана со празна мрежа: Столе брани, Рајо слави