Египет и Парондо „раскинаа“: „Сакаме селектор без клуб“

452

И покрај одличниот настап на СП во ракомет, Египќаните одлучија да не ја продолжат соработката со шпанскиот тренер Роберто Парондо.

„Сакаме селекторот да се посвети на националниот тим, а тој одлучи да го продолжи договорот до 2025 година со Мелсунген само три недели пред почетокот на СП. Одлучивме да не го продолжиме договорот, а всушност и од причина што целта ни беше да играме полуфинале“, соопштија од Федерацијата.

Парондо со Египет го освои четвртото место на ОИ во Токио. На СП 2023 година Египет го освои седмото место.

ПретходноТрансфери: Зијеш чека трансфер во ПСЖ, Борнмут ќе „заокружи“ 90 мил.фунти за нови играчи!
СледноФиорентина не го пушти Амрабат во Барселона