Се чини дека, барем така утринава јавуваат медиумите во Франција и Англија, дека трансферот, односно позјамицата на Хаким Зијеш во ПСЖ пропадна. А за тоа виновен е Челзи, кој во последните минути до крајот на преодниот рок во три наврати испраќал погрешни документи.
Мароканецот веќе се видел во дресот на ПСЖ, се било подготвено за промоција, имало и договор на релација Париз – Лондон, играчот ги минал и лекарските прегледи, но ете, канцеларијата на “сините“ се посрамотила, дури во четвртиот обид успеале да ја испрапатат вистинската документација, но веќе било оцна, рокот не бил запазен.
Во ПСЖ се гневни и имаат намера да го тужат Челзи.