Десетте најскапи трансфери во историјата: Енцо Фернандез е “само“ шести на табелата!

411

Вчера заврши спектакуларниот зимски преоден рок. Челзи „лупна“ вкипно 323 милиони фунти, од кои само за Енцо Фернандез 121 милиони евра. Со тоа го направи рекордниот трансфер, платени пари за купување играч, во британскиот фудбал.

Но тие 121 милиони евра не се ни оддалеку најскапиот трансфер во историјата на фудбалот. На прво место на таа табела и натаму е оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ, вреден дури 222 милиони евра. Па така трансферот на Фернандез е дури шести.

На второ место е Килијан Мбапе со 180 милиони, трет Усман Дембеле….

Подолу можете да ги видите ТОП-10 трансфери во историјата.

ТАБЕЛА

1.НЕЈМАР – 222 милиони евра (Барселона – ПСЖ)

2.КИЛИЈАН МБАПЕ – 180.000.000 (Монако – ПСЖ)

3.УСМАН ДЕМБЕЛЕ – 140.000.000 (Дортмунд – Барселона)

4.ФЕЛИПЕ КУТИЊО – 135.000.000 (Ливерпул – Барселона)

5.ЖОАО ФЕЛИКС – 127.000.000 (Бенфика – А. Мадрид)

6.ЕНЦО ФЕРНАНДЕЗ – 121.000.000 (Бенфика – Челзи)

7.АНТОАН ГРИЗМАН – 120.000.000 (А.Мадрид – Барселона)

8.ЏЕК ГРИЛИШ – 117.500.000 (А.Вила – М.Сити)

9.КРИСТИЈАНО РОНАЛДО – 117.000.000 (Реал Мадрид – Јувентус)

10.ЕДЕН АЗАР – 115.000.000 (Челзи – Реал Мадрид)

ПретходноЈанкуловски ќе игра за Велез од Шпанија
СледноГостивар одигра реми против младинскиот тим на Викторија Берлин