Данците добија богата премија за ракометната историја!

396

Данска испиша историја на Светското првенство кое се одржа во Шведска и Полска. Микел Хансен и неговите соиграчи станаа првата репрезентација која успеала трипати по ред да го освојат златниот медал на СП.

Данските ракометари сосема заслужено се закитија со пехарот, се покажаа во доминантно светло.

По завршување на еуфоријата, одредени се и премиите за ова остварување. Тамошните медиуми велат дека секој ракометар без разлика колку време минал на теренот ќе добие околу 30.000 евра.

ПретходноКаспер Кисум е нов играч на Еурофарм Пелистер
СледноДејан Георгиевски со стил во 3.коло во “Президент Купот“ во Истанбул!