Шокантни вести за фановите на Ливерпул. Имено како што денеска се шпекулира во медиумите на Островот, раководството на “редси“ имаат намера да го продадат својот најдобар фудбалер, напаѓачот Мохамед Салах. Ова се прави со цел да се соберат пари за трансферот на Џад Белингам, за кого Ливерпул сака по секоја цена да го има во својот тим.
Се претпоставува дека за Салах клубот од „Енфилд“ би можел да добие од 50 до 70 милиони евра, пари кои одредени клубови во светот би можеле да ги платат.
Исто така се шпекулира дека на излезна врата се и Роберто Фирмињо и Жоел Матип.