По сите информации и деманти за тоа дели фудбалерот Кристијан Атсу е извлечен од под урнатините во Турција, утрово стигна и потврда од прес-службата на Хатајспор која потврди дека фудбалерот е извлечен жив од под урнатините. Мустафа Озат, портпарол на Хатајспор, клубот за кој настапува Атсу објави дека 31-годишниот Гананец е пронајден, но се уште се трага по Танер Савут, спортскиот директор на клубот.
„Кристијан е пронајден и се лекува во болница поради повредите. Се уште се трага по Танер Савут“, напиша тој.