Кога речиси сите загубија надеж дека во овој квалификациски циклус ќе можат навистина да дојдат до победа, кошаркарките со голема самодоверба отпатуваа во Сараево. Иако беа некомплетни сепак беа цврсто решени во намерата да извојуваат триумф за враќање на самодовербата, за враќање на надежта кај сите, дека сепак и во овој спорт може да се направи нешто повеќе.
Вечерва во Сараево „црвено-жолтите“ ставија крај на една долга лоша низа на порази, која вели дека Македонија се нема израдувано на еден официјален натпревар од 2013 година.
Кошаркарките ја совладаа Босна, а победа ја прославија со многу емоции.