Фондацијата на Лео Меси, најдобриот фудбалер во светот, одвоила 3,5 милиони евра за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Познато е дека пред неколку дена овие две земји беа погодени од страшен, катаклизмичен земјотрес во кој животот го загубија, барем досега, околу 30.000 лица.
Токму затоа откако слушнал за тоа што се случува во тој дел од светот, Меси побарал од луѓето кои раководат со неговиот фонд под итно да се префрлат 3,5 милиони евра.
Секоја чест за Меси.