ФК Пелистер има млад и перспективен голман со кој денеска потпиша две и пол годишен договор. Се работи за со 19 годишниот Андреј Јовчевски за кого од Пелистер велат дека е репрезентативен потенцијал и се надева дека ќе се наметне во U21 репрезентацијата на Македонија кај селекторот Драган Канатларовски.
ФК Пелистер неодамна доби нова структура, најавено е стабилизирање на клубот и враќање во ПМФЛ што поскоро, како и зајакнување на младинската школа која во иднина ќе треба да го „храни“ првиот тим.