Спасеното дете со дресот на Фенер доби видео-повик од капитенот на гигантот! (ВИДЕО)

1080

Камилчан Агдаш секако дека е дете-херој во овие ужасни денови за Турција. Имено тој беше изваден од урнатините и тоа по цели 119 часови откако се случи земјотресот. Агдаш цело време бил во дресот на Фенер со што фановите во овој клуб посебно се поистоветуваа со него.

И откако беше сместен во болница тој доби видео-повик од капитенот на својот омилен клуб Арда Ѓулер.

Арда, ти со мојот брат, многу те сакам.Продолжи да го спасуваш Фенербахче“ му порача Агдаш на фудбалерот, а овој му одговори:

И ти си мој брат. Не се откажа, успеа, и ни даде надеж во борбата. Многу те сакаме. Се надевам дека наскоро ќе се видиме лице во лице“.

ПретходноРеал Мадрид со нов пехар: “Кралевите“ се едноставно најдобри… (ФОТО)
СледноКога провоцираш домашни фанови: Навивач на Челзи доби невиден нокаут, не знаеше каде е! (ВИДЕО)