Поранешниот репрезентативец на Брегот Слонова Коска, Вилфред Бони потпиша договор со боливискиот прволигаш Олвејс Реди (Always Ready). Бони играше во бројни европски клубови како Спарта Прага, Витесе, Свонси, па Манчестер Сити, Стоук, потоа во Азија во Ал Араби и Ал Итихад, а во 2022 година потпиша за НЕЦ Нијмеген но не се изнаигра поради бројни повреди. Двете страни го раскинаа договорот и 34-годишниот напаѓач отиде да игра во Боливија.
Олвејс реди е трикратен шампион на Боливија, а последната титула им е од 2020 година.