Оваа недела продолжува Лигата на шампионите со осминафиналните парови, а дербито ќе биде Баерн – ПСЖ. Двомеч од кој се очекува драма и возбудувања.
Во пресрет на мечот тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие изјави дека Килијан Мбапе е повреден и дека нема да го игра мечот со Баерн. Тој додаде дека не сака да презема ризик и за разлика од него, Меси и Верати ќе бидат на клупата и ќе помогнат ако биде потребно.
Француските медиуми исто како и тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман се сомневаат во зборовите на Галтие. Тие сметаат дека ова е само тактика да се измами противникот и дека Мбапе ќе биде спремен.
Француските медиуми објавија вест дека Мбапе тренирал со соиграчите и дека тренингот го завршил со шутирање на голот. Вечерва ПСЖ на официјалната страница соопшти дека Мбапе ќе биде дел од групата која ќе патува во Минхен.
А самиот Галтие е под притисок затоа што ПСЖ не игра добро во последно време. Прво испадна од Купот на Франција по поразот од Марсеј, а во саботата доживеа пораз од Монако во Лига 1 што е лош ефект пред првиот меч со Баерн.