Одбојкарките на Работнички се првите патнички во полуфиналето на женскиот одбојкарски Куп на Македонија. Денеска во првиот од четвртфиналените натпревари, шампионките со максимални 3:0 славеа на дуелот со Вардар ЕМ. Останатите три пресметки од оваа фаза се закажани утре.
За утре се закажани и дуелите во четвртфиналето од машкиот Куп на Македонија. Најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Шкендија и Работнички 47&22, но нема да биде ништо понеизвесно и на преостанатите три пресметки.
Завршниот Ф4 турнир од Купот и вод вете конкуренции ќе се одржи во периодот од 24 до 26 март.
Четвртфинале (мажи)
Струмица Никоб – Весна Пробиштип (среда, 17.00)
Шкендија – Работнички 47&22 (среда, 20.00)
ГОК Борец – Штип УГД (среда, 19.00)
Лирија – Универзитет во Тетово (среда, 19.00)
Четвртфинале (жени)
Работнички Скопје – Вардар ЕМ 3:0 (25:12, 25:19, 25:14)
Јанта волеј – Пелистер волеј (среда, 20.30)
Наковски волеј – Младост УГД (среда, 20.00)
Фит фан волеј – Вардар жени (среда, 16.30)