МЗТ Скопје со победа го заврши регуларниот дел во АБА 2-лига, на последниот дуел против домаќинот на турнирот славеше со 71-90. Тимот од Аеродром дојде до осмиот триумф оваа сезона, сега го чека финалниот распоред на табелата за потврда на противникот во плеј-офот.
Првата четвртина мина во знакот на противникот, со серија од 12-0 поведе со 20-8. На стартот на вториот период, МЗТ Скопје се врати од негатива од 16 поени, направи 15-0 и дојде на минус еден (30-29). Пред крајот на овој период, го превзема водството.
По одморот, Златибор само еднаш поведе (50-49), но македонскиот претставник брзо се врати. Мечот го реши со нова серија од 11-0 за двоцифрени 60-75. Ова беше доволно за сигурни бодови.
Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Бојан Крстевски со 25 поени, зад него беше Николов со 18 поени, два помалку запиша Тарнер.