Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа 2:2 во фантастичниот прв натпревар од осминафиналето на Лига Европа.е ја одби топката во голот за 1:2. Конечните 2:2 ги постави Рафиња во 77. минута.
Двајцата тренери полни со возбудувања го коментираа овој дуел. Домашниот стратег Чави Хернандез не го криеше незадоволството од резултатот:
“Прилично сум задоволен од натпреварот. Не сум задоволен од резултатот, но игравме против екипа која игра на највисоко ниво. Моментално се едни од најдобрите тимови во Европа.
Дуелот меѓу овие екипи во иднина би можел да биде и во финалето на Лигата на шампионите. Верувам дека требаше да победиме. Горд сум на тимот без разлика на ждрепката. Очекувам жесток реванш на „Олд Трафорд““, кажа Чави.
Во самиот финиш на натпреварот, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред играше со рака во својот шеснаесетник, но судиите не досудија пенал за Барселона:
„Тоа беше чист пенал. Не ни досудија чист пенал во Милано против Интер во Лигата на шампионите, па ова вечер… не знам што друго да правам. Тие велат дека провериле сè, но ова е неверојатно, неверојатно“.