Јувентус оштетен во Торино, Алегри кога виде го напушти теренот (ВИДЕО)

1046

Јувентус не успеа да го победи Нант во Торино. Беше 1:1, „Старата дама“ пропушти голем број на шанси, а во судиското надополнување, според мислењето на многу љубители на фудбалот на италијанскиот тим им беше украден чист пенал од португалскиот судија, Жоао Пинеира.

Јувентус притисна, се бараше втор гол, во 95. минута се случи неверојатна сцена во шеснаесетникот на Нант.

Се играше 95 минута кога еден гостински играч со рака ја удри топката која одеше гол голот на Нант. Судијата од ВАР собата, Тиаго Мартинс го повика судијата да ја види сомнителната ситуација, затоа што сметаше дека постоијат елементи за пенал.

Сите очекуваа ова да биде пенал, а потоа се случи неверојатен шок и за многумина вистински грабеж на Јувентус. Судијата мислеше дека Бремер направил фаул во нападот, ова беше неговата конечно одлука.

Масимилијано Алегри беше особено лут. Тој откако виде што покажа португалскиот судија тргна кон соблекувалните. Сепак, тој набрзо се врати. Натпреварот го следеше од клупата до крајот, но на крајот со кисела насмевка му честиташе на колегата од другата страна за добро завршената работа.

Спортниот момент можете да го видите ТУКА. 

ПретходноЧави: Барса и Јунајтед би можеле да играат финале во Лигата на шампиони!
СледноПроблем за Милвоки: Грчкиот ѕвер влезе во историјата – па се повреди (ВИДЕО)