ФА отвори и ја затвори официјалната истрага за Алиоски

1949

Фудбалската асоцијација официјално отвори истрага против Македонскиот интернационалец и репрезентативец Езџијан Алиоски по повод наводниот инцидент на мечот од минатата сезона против тимот на Барнсли.

Засега анонимен играч на Барнсли го пријавил Алиоски дека на мечот одигран на 15 мај 2021 година, нашиот репрезентативец направил гримаса кон него која може да се оцени како дискриминирачка.

По крајот на мечот Алиоски бил сослушан од страна на официјалните лица на мечот, а Алиоски изјавил дека ја направил гримасата „плачко“ како реакција на претходните поплаки на дотичниот играч кон судијата.

ФА веднаш покренала истрага и земени се изјави од сите инволвирани на теренот, кој можеле да дадат подетални информации.

Сепак по сите тие информации, ФА одлучи да не презима никакви активности по повод нашиот интернационалец.

 

ПретходноЕвертон е се поблизу до Бенитез и покрај протестите од навивачите
СледноИнстаграм вели, Вестбрук е на пат за Лос Анџелес