Maкедонско дерби на Кипар: Тричковски погоди, ама Јаневски победи (видео)

189

Во мечот од 24.коло на кипарската Прва лига тимот на АЕЛ Лимасол чиј тренер е Чедомир Јаневски го совлада лидерот АЕК Ларнака со 2:1. Трите гола паднаа во првото полувреме, Берахино и Качаниклиќ стрелаа за АЕЛ, а утешниот гол за АЕК го постигна Иван Тричковски од пенал во 42 минута.

Тричко играше до 61 минута кога беше заменет од Наом меѓутоа неговиот тим не успеа да спаси барем бод. Ова е победа за Јаневски чиј тим е на осмото место на табелата. АЕК Ларнака се уште е лидер по некомплетно 24 коло. Тричко и соиграчите може да бидат симнати од врвот ако победи АПОЕЛ на својот меч.

 

ПретходноМногу сме јаки: Шкупи со победничко селфи од Кичево! (ФОТО)
СледноФантастичен гол: Мајсторијата на Кочоски во Кавадарци! (ВИДЕО)