Глејзерс сега бараат 6 милијарди фунти за да го продадат Манчестер Ј.

503

Сопствениците на Манчестер Јунајтед, семејството Глејзер, нема да прифатат понуда помала од 6 милијарди фунти за продажба на клубот, тврди новинарот Мартин Липтон, повикувајќи се на извори блиски до актуелните сопственици на „црвените ѓаволи“.

Шеикот Јасим и еден од најбогатите луѓе во Британија, Сер Џим Ретклиф, можно е да ги повлечат своите понуди од по 5 милијарди фунти, бидејќи Глејзер се прецениле во барањата за продажба на акциите.

„Сè уште е нејасно дали Глејзерс навистина сакаат да го продадат клубот, а ако го сторат тоа, тоа ќе биде само за супер висока понуда“, вели извор од клубот.

Поддржувачите стравуваат дека понудата на Ретклиф може да биде прифатена, но тоа ќе значи дека дел од клубот ќе остане во рацете на Глејзерс. Самиот Ретклиф, кој е страствен навивач на „црвените ѓаволи“ уште од детството, е еден од најбогатите луѓе во Велика Британија со проценето богатство од 12,5 милијарди фунти.

ПретходноТелото на Кристијан Атсу пристигна во Гана каде ќе биде погребан
СледноОдбраната на Барселона урива рекорди: Примија само 7 гола на 22 првенствени меча!