Наполи со крупни чекори оди кон првото „Скудето“ после 1990 година затоа што има огромна предност во однос на конкурентите на табелата во Серија А. Наполи игра и во ЛШ, а во првиот осминафинален меч ќе се соочи со Ајнтрахт. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис зборуваше за задачите на тимот оваа сезона.
„Игравме против тимоти како Челзи и Баерн Минхен. Воодушевен сум од атмосферата кога игра Наполи во ЛШ, а мислам дека не заостануваме зад останатите ривали во ова натпреварување. Скудето? Мислам дека поважно е да се освои Лигата на шампионите, со тоа Наполи ќе си создаде најубава слика во светот“, изјави Де Лаурентис.