Претседателот на Сампдорија доби закана по живот: Свинска глава на адреса на Масимо Фереро (ФОТО)

125

Состојбата во Сампдорија деновиве изгледа депресивно, бидејќи клубот од Џенова е претпоследен во Серија А. Навивачите се незадоволни, а некои од нив отидоа и дотаму да испраќаат смртни закани до првиот човек на клубот.

Во пресрет на првенствениот натпревар против Лацио в понеделник, претседателот на Сампдорија добил пакет во кој имало свинска глава.

„Прво проектил, сега свинска глава. Уште една смртна закана во Сампдорија, поточно пред седиштето на клубот во Корте Ламбрускини, по минатонеделната закана. Во пакетот е пронајдена свинска глава со придружно писмо“, пишува новинарот Џанлука Ди Марцио.

Во писмото пишувало: „Масимо Фереро и Антонио Ромеи, следните глави ќе бидат ваши“.

Масимо Фереро е претседател на клубот на Сампдорија, додека Антонио Ромеи е член на управниот одбор.

ПретходноНаковски Волеј сигурен во Скопје, градското дерби за Вардар жени
СледноПех за Вардар: Се повреди капитенот Мицевски, го чека пауза од неколку месеци