Фудбалерите на Вардар денеска дојдоа до посакувана победа на гостувањето кај Охрид во меч од второто пролетно коло во Втората лига, но го загубија капитенот Дарко Мицевски.
Според последните информации, Мицевски на денешниот меч со Охрид заработил повреда на фибулата, за која треба да се направат дополнителни прегледи. Ако се покаже дека станува збор за скршеница, тоа ќе значи подолга пауза од фудбалските терени за еден од лидерите во „црвено-црниот“ тим.