Симеоне: На овој стадион ВАР секогаш е против нас!

324

Во меч од 23. коло на Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Атлетико одигра големо дерби. Натпреварот заврши 1:1. Во првото полувреме немаше голови, но ниту премногу убави шанси. Но во 64. минута Реал доби голема шанса бидејќи Атлетико остана со десет играчи.

По еден аут во меѓусебното туркање, Анхел Кореа со рака го оттурна Антонио Рудигер, кој се струполи како покосен. Судијата му покажа директен црвен картон на играчот на Атлетико, иако впечатокот беше дека одлуката беше престрога. Интересно, судијата не побара помош од ВАР за да се увери во исправноста на својата одлука.

Анчелоти ја коментираше и контроверзната ситуација кога Кореа доби директен црвен картон поради наводно удирање на Рудигер:

„Правилната одлука на судијата. Немам што повеќе да додадам“.

Од друга страна, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне беше бесен.

„ВАР може да биде на сечија страна , некогаш во наша корист, некогаш во корист на другиот тим, но секогаш кога доаѓаме на „Бернабеу“, ВАР е против нас“, изјави Симеоне и продолжи за црвениот картон:

„Рудигер е 194 см, Кореа е многу помал од него и имаше контакт, но дали беше толку брутален контакт… Не верувам, па Рудигер веднаш стана“, објасни Симеоне.

ПретходноГолем пех за српскиот кошаркар: Мициќ ја заврши сезоната?
СледноДенвер и Јокиќ се распаднаа во дебрито, Тејтум ја реши драмата (ВИДЕО)