Стефан Ристовски и неговиот Динамо Загреб денеска се во еуфорија. На домашен терен го совладаа вечниот ривал, тимот на Хајдук Сплит со 4:0 во една од најдобрите партии на тимот сезонава.
Она што требаше да биде дерби се претвори во лекција по фудбал на доминантниот на овој меч тим, за кој пак Аријан Адеми беше и стрелец и асистент.
Ристовски по мечот реши да направи и неколку фотографии со клупскиот фотоапарат, само како потсетување дека е мултиталентиран и не го бива само за фудбал.