Пред дербито меѓу Динамо Загреб и Хајдук се појави информација дека „модрите“ добиле понуда за Аријан Адеми од Кина. Таму се уште трае преодниот рок и може да се случи македонскиот репрезентативец да се пресели на Далечниот Исток и во тамошната фудбалска лига.
Адеми во јануари побара трансфер од Динамо, но тогаш Анте Чачиќ не го пушти со образложение дека му е потребен за пролетниот дел од сезоната. А после оваа победа над Хајдук со 4:0, Динамо е блиску до титулата па тренерот потврди дека има понуди за играчи на Динамо од Кина и дека некој може да си оди.
„Адеми? Читав за тоа. Во Кина трае преодниот рок, некои наши играчи се интересни за тамошните клубови. Ќе видиме што ќе се случи, не сакам да коментирам повеќе“, изјави Чачиќ.